Царовска: Во следниот мандат 10.700 денари минимална пензија и раст на минималната плата до 40%

0
706
Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска вечерва на трибина во Аеродром рече дека изминатите три години се направени клучни реформски процеси коишто значат многу за развој на праведно општество и вложување во граѓаните.
„Не запираме тука, туку продолжуваме со реформските процеси. Минималната плата во следниот мандат ќе ја зголемиме до 40%, а просечната до 30%. Не ги забораваме и највозрасните. Новото ниво на минимална пензија ќе изнесува 10.700 денари”, рече Царовска.
Царовска истакна дека СДСМ е партија којашто вложува во најранливите и нивните деца.
„Направивме реформи на коишто на сиромашните не им се даваат повеќе трошки, туку ги враќаме на пазарот на трудот. Им го враќаме достоинството пред нивните деца. Не запираме тука затоа што сите заедно можеме многу повеќе и уште подобро”, рече Царовска.