ЗАЕВ ОД ПРОБИШТИП : ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ СДСМ И АНАСТАСОВ РЕАЛИЗИРАА ПЕТ ПАТИ ПОВЕЌЕ ПРОЕКТИ, СЛЕДУВА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА!

0
948
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во рамките на изборниот караван на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ вечерва во Општина Пробиштип истакна дека за овие четири години овде во Пробиштип се реализирани низа капитални проекти, инвестирано е како никогаш претходно.
„Во изминатите 4 години, градоначалникот Драган Анастасов реализираше пет пати повеќе проекти, во однос на претходните, тој одржа лекција како се работи за општината, како се сака општината“, истакна Заев.
Тој наведе дека е рехабилитираван патот Пробиштип – Крупиште, кој со децении не беше чепнат.
„Сега сите вие може побрзо побезбедно и посигурно да патувате по оваа важна сообраќајна артерија која ве води до Штип, Кочани, и кон Делчево, до Скопје, Струмица, инвестираме во патна инфраструктура насекаде, без тоа нема развој, нема инвестиции“, порача Заев.
„Го саниравме свлечиштето на патот Кратово – Пробиштип и го реконструиравме патот Пробиштип – Злетово во должина од над 17 километри, се градат 48 социјални станови, се реконструираа училишта и градинки, а преку ТАВ програмата се финансира водоснабдување на село Дренак, поставување на атмосферска канализација на улица „3-ти април“ и реконструкција на улица „Даме Груев“, нагласи Заев, додавајќи дека деновиве почнува реконструкција на патот кон Лесново.
„Заедно со градоначалникот и советничката група овде во Пробиштип во новиот мандат, носиме санација и фотоволтаични системи на местото на јаловишната депонија, реконструкција на патниот правец Пробиштип – Леговец – Ратавица, проширување и реконструкција на локалитетот „Пешка“ во Злетово“, рече Заев и најави нова инвестиција на „ТабМак“ во вредност од 30 милиони евра, која ќе отвори нови работни места, зголемување на животниот стандард.
Ова се важни, крупни проекти кои го менуваат животот во Пробиштип на подобро, истакна Заев.
„Ова се само дел од причините зошто Драган Атанасов-Ладич е Најдоброто за вашата општина, затоа на 17 октоврми да гласаме масовно за бројот 12 за градоначалник, за советот на општината“, повика претседателот на СДСМ Зоран Заев.