(ВИДЕО) ВИСТИНСКИ ХАОС ВО КУМАНОВО : Дивјаците на Чавков од МВРО-ВМРО покрај навивачи нападнаа брутално и безмилосно жени и деца

0
1149

DSC_0103-5Вистински хаос настана вечерва кога на средина од третата четвртина судиите наредија празнење на трибините во Спортската сала во Куманово, јавува порталот Кумановски муабети.

Припадниците на Единицата за брзо распоредување со пендреци удрија по сите, жени и деца во паника трчаа од салата. Од она што го видивме едно дете беше онесвестено откако, според неофицијални припадник на ЕБР со пендрек го удрил во глава.

Војната на навивачите и сепцијалната единица продолжи и пред спортската сала, каде неколку лица се приведени, но засега немаме официјални информации за билансот на приведените и повредени лица. Фоторепортерот на Кумановски Муабети забележа и припадник на ЕБР со повреда во пределот на коленото, а на самиот крај уште едно лице беше приведено кое останало да го следи натпреварот, а целото празнење на салата беше снимано од лице припадник на специјалната единица на МВР.

Одлука за празнење следеше откако навивачите испровоцирани од вербалната расправија на Бојан Трајковски и еден од судиите направија дожд од тврди предмети кон теренот.

Натпреварот заврши со победа на МЗТ која никој не ја призна, освен членовите на Македонската кошаркарска федерација.

Фотогалеријата од инцидентот во Куманово може да ја погледнете ОВДЕ