ЗАЕВ ОД КРИВОГАШТАНИ: ВЛОЖУВАМЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРА И ГИ ПОДОБРУВАМ УСЛОВИТЕ И ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ

0
1113

Вложуваме во инфраструктурни проекти за унапредување на условите за живот на граѓаните, за повисок животен стандард и забрзан економски развој. Со министерот Бочварски, градоначалниците на Крушево, Кривогаштани и Долнени и директорот на „Македонија пат“ бевме во увид на патниот правец Кривогаштани – Житоше. После повеќе од 25 години се реконструира овој петен правец во должина од 10 км, кој е од огромно значење за целиот регион.

🛣🇲🇰 Имаме градежна офанзива низ целата земја. Инвестираме над една милијарда евра во инфраструктурни проекти – патишта, водоводи, канализации, системи за наводнување, акумулации за наводнување, со цел да ја поттикнеме економијата и да го поддржиме градежниот сектор.

На дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, при што Владата води грижа за развој на сите региони со цел граѓаните без разлика дали живеат на село или во град да имаат подобри услови за живот.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.