ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ОД БИХАЌКА : ВИСТИНСКАТА ГРИЖА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ПРОДОЛЖУВА, НАВРЕМЕНО ИСПЛАТЕНИ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА СУВЕНЦИИ НА СМЕТКИТЕ НА РЕЧИСИ 12 ИЛЈАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

0
733

СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за земјоделците, особено кога поддршката од државата им е најпотребна.

10 милиони евра субвенции се исплатени на сметките на речиси 12.000 земјоделци.

Субвенции се исплатени за фармери кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметки имаат и сите фармери кои задржале женско јагне.

На тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020 година.

Продожуваме со навремена и неселективна исплата на субвенции, во интерес на секој земјоделец.

4 милијарди денари веќе се исплатени за земјоделците, а со усвоениот ребаланс на располагање имаме уште 3 милијарди денари.

Со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци.

Во наредниот период следи исплатата на субвенциите и преостанатите субвенции.

Државата е тука за земјоделците, грижата за нив останува врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Создаваме услови за раст и развој на агро-секторот, за земјоделците да продолжат да произведуваат квалитетни производи.