Заев напиша ФБ статус за Гоце Делчев, Мицкоски и Џамбаски го прочитале па се скараа

0
972

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски се препукуваа во коментари на објавата на премиерот Зоран Заев за тоа чиј е Гоце Делчев.

Прво, Џамбаски му напиша навредлив коментар на Заев дека Македонската револуционерна организација е бугарска и дека Гоце Делчев бил роден во бугарско семејство, се претставувал како бугарски учител и војвода, бил роден во бугарскиот град Кукуш…

На овој коментар одговори Мицкоски, кој порача:

-Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја.

Потоа, Џамбаски го обвини Мицкоски дека не си ја знаел историјата и дека бил задоен со титово-комунистичка верзија.