(ВИДЕО) Поранешен претседател на Месен Комитет “Грнчарска маала” на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка, самоиницијативно ја напушта досегашната партија и преминува во СДСМ

0
1427

Јас, Стефчо Стаменковски, поранешен претседател на Месен Комитет “Грнчарска маала” и член на Општинскиот Комитет на  Вмро Дпмне во Крива Паланка, самоиницијативно ја напуштам партијата поради тоа што сум вистински патриот и поминувам во СДСМ која за мене претставува патриотска, народна и граѓанска партија, која покажа дека се бори за секој граѓанин на Македонија.

Според мене во Вмро Дпмне остануваат и опстануваат само криминалци и силеџии кои што го гледаат својот личен итерес.

Во Крива Паланка се рефлектира она што е на централно ниво во таа партија. Криминализираниот врв на чело со Арсенчо го манипулира членството на партијата за свои лични интереси.

Ги повиквам членовите на Вмро од Крива Паланка да излезат на овие избори и гласаат за СДСМ и нивните кандидати за градоначалник и советници, бидејки со тоа ќе помогнат во конечниот пад на лицето Арсечно Алексовски за да се тргне срамот на Вмро Дпмне направен од криминалната врхушка.