(ФОТО) Али Ахмети и Артан Груби пристигнаа кај Хохи во вилата на Водно

0
1103

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети заедно со Артан Груби стигна во кабинетот на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, како дел од средбите за консултации кои Иванов ги има со политичите партии за доделувањето на мандатот.

Претходно, кај Иванов беа претставници на БЕСА и претставници на Алијанса за Албанците. Зијадин Села не даде изјава, кратко рече дека нема никаков коментар.