Заев и претседателот на Сенатот на Чешка, Кубера: Очекуваме брзо донесување на одлуката за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ зашто земјата го заслужи тоа

0
785

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Зоран Попов, државен секретар при Министерството за надворешни работи, во рамките на еднодневната официјална посета на Република Чешка, оствари средба и со претседателот на Сенатот на оваа пријателска земја, Јарослав Кубера.