Зекири до Јанушев: 11 години по телефон нарачувавте убиства и пресуди

0
1850

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на денешната дебата во емисијата „Само вистина“ обвини дека челниците на ВМРО-ДПМНЕ 11 години додека биле на власт по телефон нарачувале убиства и монтирани случаи, меѓу кои и случајот „Монструм“ петкратното убиство кај Смилковско езеро.

-Монструм вие го направивте како случај. Уапсивте невиновни луѓе, тие сега чекаат слобода. 11 години убивавте, 11 години монтиравте, по телефони нарачувате убиства и кој да биде осуден, го заборавивте и Мартин Нешковски, вели Зекири.

Зекири исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се ангажирале да не дојде до смена на претходниот претседател на Судскиот совет кај кој биле пронајдени пресуди во фиока.

Како главен проблем во државата кој датира од времето на претходната власт, но и порано, Зекири го посочи правосудството. Тој вели дека ова мора да се реши односно да дојде до прочистување во судството и обвинителствата.

-За 2 и пол години не можеш се да направиш. Правосудсвото е болната точка во оваа земја. Мора да профукнционира правната држава и еднаш за секогаш да се затвори таа тема. Мора да се започне од судиите. Не идната влада, по изборите, туку сегашната и техничката. Мора да се започне веднаш. Ние ги повикавме институциите да се прочисти правосудството, вели Зекири.