ЖЕНАВА Е УБИ БОЖЕ – РУСКОВСКА ЌЕ СЕ ЖАЛИ ПРЕД СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

0
780

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана од функцијата, ќе се жали пред Советот на обвинители откако републичкиот обвинител, Љубомир Јовески донесе решение со кое времено ја отстрани од функцијата.

Ваквата одлука на Јовески доаѓа откако претходно тој напиша извештај во кој се констатирани неправилности при претресот што Русковска заедно со обвинителките го извршија во Управата за финансиска полиција во јули годинава под сомнение дека директорот на управата, Арафат Муареми криел предмети во фиока за кои Обвинителството на Русковска не било информирано.

Русковска за ТВ 24 потврди дека веќе го примила решението за времено отстранување од работното место.

Преку соопштение, директорот на управата за финансиска полиција, Арафат Муреми соопшти дека поднел оставка како в.д. директор на управата.

Според Законот, со одлуката на Јовески меѓу другото е определено кој обвинител ќе ги преземе предметите на Русковска, а до избор на нов шеф на ОЈО ГОКК со ова Обвинителство ќе раководи обвинителот кој Русковска го определила како заменик со годишниот распоред за работа на обвинителите. Мандатот на Русковска истекува во ноември годинава.