СДСМ: Диме Спасов да не мисли дека ќе се спаси ако се крие – ќе одговара за се!

0
1258

Соопштение на СДСМ:

Недозволиво е тој пет дена да се крие. Мора да излезе пред граѓаните и да им објасни што сè правел во петокот ноќта.

Граѓаните чекаат Спасов како дополнителен заменик министер за труд и социјална политика да објасни зошто возел автомобил кој е на Агенцијата за вработување!? И зошто на тоа возило ставил гориво со картичка од Министерството за труд и социјална политика односно со пари на граѓаните

Граѓаните чекаат одговор зошто Спасов исчукал возила низ Скопје и бегал со километри, шибајќи преку повеќе улици, пред да биде запрен од полицијата, како да е во акционен филм?

Граѓаните мора да слушнат од него зошто бегал од полицијата со трчање што го покажува неговото неодговорно и непресметливо однесување.

Спасов мора да одговори зошто кукавички пратил друг за да лаже дека возел наместо него, само за да се спаси од одговорност.

Неодговорноста на Спасов и ВМРО-ДПМНЕ отиде дотаму што тие лажеа дека Спасов бил бркан од криминалци и дека тој бил жртвата.

Спасов веднаш да си даде оставка и да ги остави останатите три возила со коишто противзаконски располагал а се на Агенцијата за вработување, пред и нив да ги излупа, да избега или да повреди луѓе.