ЖАЛНА ВЕСТ : Загина Зоран Стефановски во сообраќајна несреќа, поранешен директор на СРД и одговорен за медиумски мониторинг во секторот за односи со јавност во Владата

0
2293

Загина Зоран Стефановски (1963), одговорен за медиумски мониторинг во секторот за односи со јавност во Владата, во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу еден часот по полноќ во Скопје.

До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „рено меган“  движејќи се по булеварот Никола Карев излетал од патот и удрил во рекламен  билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде била констатирана смрт.

Извршен е увид на местото на несреќата.

Зоран Стефановски од 2007 до 2012 година беше претседател на Советот за радиодифузија.