„Левицата“ против наплатите на извршителите

0
1229

Револтирани, како што велат, поради злосторничкото здружување и грабеж на граѓаните, обременети со судски трошоци и енормни камати за неплатени сметки за струја, вода и парно, движењето „Левица“ денеска протестираше пред Комората на извршители. Од таму побараа да се сторнира законот за извршни одлуки и враќање на извршителите во судските органи, а не приватно да делуваат, пренесе Телма.

levica_izvrshiteli1-670x371

Некаде околу 100 илјади граѓани се опфатени, а во прашање се милионски суми. За долг од 1500 денари, се плаќаат 20 илјади денари. Во петок попладне кога се враќаат дома граѓаните и сакаат да извадат по некој денар, ги блокираат сметките. Тоа го нема никаде. Ова не го правел никој. Најголемите душмани вакво злосторничко здружување немаат направено против овој народ, вели Маријан Ристевски, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и член на „ Левица“.

Во предаторскиот синџир на банките, доверителите, државата, судскиот систем, заедно со овие последниве во системот-извршителите, се случува еден геноциден феномен. Се случува тоа да еден човек кој има 9 или 10 илјади денари пензија, да мора да одвои една третина од пензијата , секој месец да даде за виртуелен долг, вели Ана Глигорова од движењето „ Левица“.

Ние предлагаме да не може судските такси и трошоци да бидат поголеми од една петина, односно 20% од спорот. Забрана на анатоцизам, така стручно се нарекува. Да не може да течат камати на камати. Имено кога износот на каматите ќе ја достигне висината на главнината, по сила на закон да престане да течат камати.Следната мерка е да се прошири листата на парични побарувања т.е. на парични приходи врз кои не може да се извршува. И тука алармантно да се стават минималната плата и минималната пензија, вели Димитар Апасиев , член на движењето „ Левица“.