ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО ПОДГОРИЦА, ЕДЕН ЗАГИНАТ И ПЕТ ПОВРЕДЕНИ

0
358

Експлозија на бомба во основниот суд во Подгорица. Еден загинат и неколкумина се повредени откако едно лице на возраст од 39 години ја активирало експлозицната направа пред влезот на судот. Во моментот на експлозијата во објектот имало голем број луѓе, а меѓу повредените се адвокат и неколкумина вработени.

Првичните проценки на Црногорската полиција укажуваат дека станува збор за самоубиство, а напаѓачот, и претходно и бил познат на органите за безбедност и досега бил осудуван за напад врз полиција, фалсификување како и трговија со дрога.

– Од Клиничкиот центар на Црна Гора велат дека сите повредени се во стабилна здравствена состојба. Пет пациенти имале физички повреди, а четворица од нив ќе бидат задржани за понатамошно лекување. – изјави Срѓа Кораќ од криминалистичката полиција.

– Претседателката на Основниот суд во Подгорица, пак вели дека проблемот со безбедноста на судот трае со години а и покрај сите предупредувањата кои ги испратиле, ништо не е преземено тоа да се подобри. – изјави Лилјана Радуловиќ директор на клиничкиот центар на Црна Гора.

„Ова го посочувавме со години. За ова зборуваме три години. Укажуваме дека безбедноста е таква каква што е. За среќа, вака заврши, можеше да биде многу полошо.“ – изјави Жељка Јововиќ, претседателката на Основниот суд Подгорица.

Неодамна пред зградата на Собранието на главниот град на Црна Гора, обезбедување пронашло белешка со порака дека некаде во објектот е поставена бомба. По неколку дневна истрага, полицијата го открила лице тое ја оставило заканата…Станува збор за десет годишно дете.