НИКОЛОВСКИ ПРИЗНА: ЗГРЕШИВМЕ ШТО ЛУПНАВМЕ 1 МИЛИЈАРДА НА СКОПЈЕ 2014-ТА, ТРЕБАШЕ ДА ГИ ДАДЕМЕ ЗА БРАНАТА ЧЕБРЕН ГАЛИШТЕ СЕГА ЌЕ ИМАВМЕ СТРУЈА!

0
1364

Она што е суштина во програмскиот документ, кој ќе биде преведен на повеќе јазици, е да ги поставиме основните 16 точки по кои сметаме дека треба да се развива Македонија. Идејата на текстот е да е променлив, да ги отслика политиките на ВМРО ДПМНЕ но и да се отвори кон сите значајни општествени субјекти, вели за „Утрински брифинг“ потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во образованието мора да се договориме околу една реформа. Никој никого не консултира никој никого не прашува. Почнавме со Кембрич, преминавме кон дигитализација. Ни едното ни другото до крај не го истеравме. Мора да се договориме за 5 – 6 базични теми кон кои ќе целиме.

– Во Македонија постојат генерално две големи политички партии и здраво е доколку видиме патриотизам на двете страни. Мора да имаме еден систем каде што ќе има апсолутна лојалност кон државата. Многу процеси станаа неиздржливи, вели Николоски.

На пример, односот со енергетиката не носи да размислуваме што ќе се случува со струјата по први јануари.

Доколку сега бираме меѓу Скопје 2014 и Чебрен и Галиште секако дека приоритет е второто, и факт е дека се направени грешки, вели тој.