МАРИЧИЌ ГОВОРНИК НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ,,ЗАПАДЕН БАЛКАН” : ТРАНСЛАНТСКА И РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА – ГРАДЕЊЕ СИЛНИ СОЈУЗИ ВО ВАШИНГТОН

0
377

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на покана на „Трансатлантската лидерска мрежа“ денеска во Вашингтон ќе се обрати на Конференцијата на тема: „Западен Балкан – Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“.

Во пресрет на почетокот на конференцијата беше организиран прием, каде Маричиќ имаше поздравен говор пред учесниците и домаќините на настанот, во кој изрази задоволство и чест за поканата и ги поздрави ваквите иницијативи кои ја зајакнуваат довербата и регионалната поврзаност, како и трансатлантските односи, врз кои ги градиме безбедноста и просперитетот на Западен Балкан.

Соговорници на панелот во кој учествува вицепремиерот Маричиќ ќе бидат албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балукуминистерката за европски интеграции на Србија, Тања МишчевиќДејвид де Фалкозаменик помошник секретар за Европа и Евроазија при американското Министерство за трговијаЈасмин Махмузиќдиректор на Агенција за банкарство на Босна и Херцеговина и Валбона Зенели од Европскиот центар за студии за безбедност, Центарот Џорџ Маршал.

На конференцијата организирана од страна на Трансатлантската лидерска мрежа, а во соработка со Центарот за Европа на Атлантскиот совет, ќе се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, на панелот посветен на енергетиката и енергетската независност.

Вицепремиерот Маричиќ работна посета на Соединетите Американски Држави ја завршува утре, на билатерална средба со специјалниот претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар.