Според извори упатени во преговорите, досега најголеми судири имало околу прашањето колку месеци пред изборите премиерот да се повлече од функцијата и дали барем на чело на МВР, еден од четирите ресори кои СДСМ ги смета за клучни во контекст на изборите, треба да биде именуван кадар прифатлив и за власта и за опозицијата, информира Дојче Веле.
Со оглед дека многу рокови предвидени во договорот од 2 јуни веќе се пробиени, нaјверојатно е дека терминот за избори ќе биде поместен во јуни, дознава Либертас од дипломатски извори.