Дали Грујо денеска ќе го жртвува кум Ставре?

0
840

gruevski i stavreski

Интересен детал на денешната лидерска средба која се одржува во мисијата на ЕУ, во Прижино, е присуството на министерот за финансии Зоран Ставрески.

Кум Ставре досега не можеше да биде забележан на ниту една од рундите на преговорите, па дали неговото појавување денес може да се толкува дека кумашинот Грујо сака денес да го жртвува!?

Кума Ставр е една од „ѕвездите“ на бомбите, кој не си поднесе оставка во турата со Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков, па нема да биде за изненадување доколку како компромисна отстапка денеска Грујо го понуди токму Ставре.