ДУИ Е ГЛАВНАТА КОЧНИЦА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА – НИЕ ЌЕ МУ СТАВИМЕ КРАЈ НА ТОА, НАЈАВУВА ЕВРОПСКИ СОЈУЗ ЗА ПРОМЕНИ

0
311

Во оваа битка сме сите заедно, Европскиот сојуз за промена, чесните граѓани, меѓународниот фактор, прогресивните сили, граѓанскиот сектор, додека на другата страна е оваа корумпирана каста која ги напаѓа и албанските професионалци дури и на нивните работни места, кои единствениот спас го гледаат во Никола Груевски – рече Ардијан Демири од Европски сојуз за промени.

Веќе сите знаат дека главната пречка и кочница за интегрирањето на нашата земја во ЕУ и за владеењето на правото е ДУИ – рече денеска на прес конференција Ардијан Демири, претставник на Европскиот сојуз за промена.

– Тоа неодамна го потврдија и од ЕУ преку холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, кој директно реагираше на средбата со Али Ахмети за сите политички притисоци што се вршат врз претседателката на Врховниот суд, г-ѓа Беса Адеми, бидејки таа не подлегна на политичките и медиумските притисоци оркестрирани од ДУИ за враќање на Никола Гуевски во земјата. Во оваа насока реагираше и амбасадорката на САД во земјата Ангела Агелер, која за притисоците врз председателката на Врховниот суд изјави дека Судскиот совет не успеа целосно да ги исполни своите законски обврски и дека граѓаните на државата заслужуваат подобро. Истотака, неодамна реагираше и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, неговата екселенција Дејвид Гир, кој истакна дека последните измени во Кривичниот законик донесоа зголемување на неказнивоста во земјава. Политичките притисоци врз Судскиот совет беа забележани и во последниот извештај на Европската Комисија, најскандалозниот и најлош на извештај за Северна Македонија досега – наброја Демири.Тој исто така го опиша одговорот на ДУИ по овие пораки.

– Преку официјалното соопштение, ДУИ меѓу другото потенцираше „Што се однесува до Врховниот суд, Ахмети подвлече дека е во надлежност на Судскиот совет да постапува според законите… без притисоци од внатре и од надвор“. Истиот став го повтори и Артан Груби во телевизиска дебата.Да застанеме малку овде и да го анализираме политичкото влијание на ДУИ во Судскиот совет.

Милазим Мустафа, денес член на Судскиот совет, претходно беше советник на 3 министри за правда од редовите на ДУИ, и тоа Аднан Јашари, Валдет Џафери и Билен Саљији, и тој е токму личноста која иницираше разрешување на Беса Адем, и во една на седниците кога истата беше на распит, според медиумите, ѝ се заканувал со затвор.

Селим Адеми, денес член на Судскиот совет, претходно беше секретар на општина Гостивар додека Невзат Бејта беше градоначалник, и советник во Министерството за правда додека Блерим Беџети беше министер.По сите овие изнесени факти, заедно можеме да заклучиме дека злото, корупцијата, мешањето во судството има име – рече Демири од Европски сојуз за промени.Тој порача дека на 8 мај, ќе ѝ биде ставен крај на оваа ситуација.

– Во оваа битка сме сите заедно, Европскиот сојуз за промена, чесните граѓани, меѓународниот фактор, прогресивните сили, граѓанскиот сектор, додека на другата страна е оваа корумпирана каста која ги напаѓа и албанските професионалци дури и на нивните работни места, кои единствениот спас го гледаат во Никола Груевски – рече Демири.