МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ОЧЕКУВА КОМПРОМИС МЕЃУ СКОПЈЕ И СОФИЈА, ОДНОСИТЕ НИ СЕ ВО ЌОРСОСАК И БУГАРИЈА СТАНУВА ИЗОЛИРАНА, РАДЕВ: ОЧЕКУВАМЕ ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ЛУЃЕТО СО БУГАРСКА САМОСВЕСТ И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НЕГАТИВНА СЛИКА ЗА БУГАРИЈА ВО УЧЕБНИЦИТЕ, НА СПОМЕНИЦИТЕ И ВО МЕДИУМИТЕ

0
314

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека притисокот врз Бугарија во наредните месеци ќе продолжи да се зголемува поради Република Северна Македонија.

“Очекувањата за компромис со Бугарија растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана” – рече Радев.

Според него, македонската резолуција од Собранието на Северна Македонија го бетонира неспроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017-та година. Радев знае дека таа резолуција ги потврдува јазикот и идентитетот како црвени линии за кои Скопје воопшто нема да преговара.

Радев декларативно повтори дека главен приоритет на бугарската надворешна политика останува европската интеграција на Западен Балкан и дека Бугарија е најзаинтересирана Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Ја искористи можноста и од Блед да порача дека очекува заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија, елиминација на негативната слика за Бугарија во учебниците, на спомениците и во медиумите.