ДУИ АЗДИСАА, ОСВЕН ПРЕМИЕР БАРААТ И СПИКЕР НА ПАРЛАМЕНТОТ – Џафери за ТВ21: Неуставно е дa се даде мандат без избран претседател на Собранието

0
951

Поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери во изјава за ТВ21  вели дека според Деловникот, неуставно е доделувањето на мандат без да има избран претседател на парламентот.

– Неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците. Ова е форма пропишана во Деловникот. Секој процес кој може да започне, може да го стави под знак прашалник целиот изборен процес кој заврши. Ако некому му одговара тоа да го направи врз оваа основа, нека повели и нека го направи. Јас нема да бидам дел од натамошната јавна дебата, има надлежни институции кои треба да постапуваат со сила на закон – посочи Џафери.

Мактел дознава од добро упатени извори дека Талат Џафери барал гаранции дека пак ќе биде спикер во спротивно ќе ја кочи процедурата и ќе става сопки, со еден збор ќе ја рекетира земјата за да издејствува уште 4 години мандат шеф на парламентот.