ПРОБЛЕМОТ СО КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТИОТ ИМОТ ЌЕ СЕ РЕШАВА СИСТЕМСКИ, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ДКСК СЕГА МОЖЕ ДА ВОДИ ПОСТАПКИ САМО ПРОТИВ АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ, СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ

0
111

“Државната комисија за спречување на корупција може да води постапки само против актуелните функционери и тоа додека се на функција. Тука вклучувајќи ги и судиите, обвинителите и останатите именувани и избрани функционери и затоа ги имаме слабостите токму на системот коишто треба да ги отстраниме преку нови начини и алатки” – изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

“Токму затоа имаме примери многу и во рамки на кривичните постапки и она што моментално го дискутираме во рамки на работната група на Советот на Европа, каде што се претставници на сите институции, токму се подвлечени слабостите особено во кривичните постапки каде што воопшто не доаѓа до конфискација на имотот. Од тие причини за првпат покренуваме иницијатива, дебата, ова ќе го отвориме во пошироката јавност токму за една граѓанска конфискација на база на компаративните анализи коишто ги направивме. Значи, конкретно Владата направи компаративна анализа со Советот на Европа. Тоа е целосна студија на сите земји од регионот и ЕУ и ние треба да го избереме моделот токму на проверката и на олеснување на самата конфискација. Она што ние како тим го работиме е во рамки на системските надлежности и отстранување на системските слабости коишто ги детектиравме, а не во делот на поединечни предмети за што институциите на системот треба да си постапуваат” – изјави вицепремиерот Николовски.

Во периодот што следи ќе следи широка дебата за најавените механизми.

“Знам дека јавноста сега е заинтересирана и ова е прашање кое што навистина го привлече вниманието на јавноста од неколку причини заради тоа што, да потсетам, само за актуелни функционери може да се вршат проверките и конфискациите во моментот и има сериозни слабости во целокупниот систем коишто се обидуваме токму на база на оваа физибилити студија со Советот на Европа која што е направена, на база на предлог-законот кој што ќе го отвориме за јавноста внимателно оваа работа која што после 30 години се носи во нејзе предлогот ќе има соодветен рок во кој што ќе треба да се пријави имотот од страна на сите. Ќе има одреден лимит на кој ќе се проверува, така што и законот ќе се применува за сите граѓани без оглед дали се обвинители, судии, дали биле обвинители или судии. Ние мора системски да ги решиме работите. Токму затоа ќе отвориме таква дебата и работиме многу макотрпно токму на тоа системско решение” – рече Николовски.