ДОКТОР СИ Е ДОКТОР : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЛИЧНО ИЗВРШИ КОНТРОЛА ВО ГЕНТЕРМ ДА ПРОВЕРИ ДАЛИ СЕ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД 19

0
1400

Со цел, како градоначалник на општината, лично да се уверам во начинот на кој големите стопански капацитети во Прилеп ги спроведуваат мерките за заштита од Ковид-19, денеска ја посетив компанијата „Гентерм“.

После разговарот со првиот човек на „Гентерм“ во Прилеп, Андреј Хафинетс, и заедничкиот увид во работните простории на компанијата, се уверив дека менаџментот ги спроведува сите неопходни мерки и протоколи за заштита на своите вработени од коронавирусот.

Упатувам апел и до другите компании во општина Прилеп, да ги адаптираат своите работни активности согласно мерките и пропишаните протоколи за заштита од болеста. Нема изговори во битката со Ковид-19, затоа што развојот на ситуацијата со вирусот зависи од одговорноста на секој поединец.
Да ги почитуваме мерките, за да не се доведеме во ситуација од нови рестрикции, полициски часови и повеќедневни карантини, кои би ја закочиле економијата и би го отежнале нашето секојдневие.
Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.