(ВИДЕО) Николовски: АХВ ги нема набавено и платено вакцините против болеста Јазлеста кожа

0
1402

Lj.Nikolovski1-735x400Неспособноста на надлежните и одговорни институции го зголемуваат хаосот со болеста „Јазлеста кожа“. Незадоволствто кај сточарите оправдано расте.

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ граби за своите џебови ама затоа Агенцијата за храна и ветеринарство се гуши во огромни долгови.

Поради ненавремено планирање и немање финансиски средства АХВ сеуште ги нема набавено и платено  250.000 вакцини против болеста Јазлеста кожа кај говедата.

Надлежните сакаа да ја сокријат од јавноста информацијата дека 50.000 дози што се пристигнати не се од оваа набавка туку од донација.

Одговорните во АХВ и МЗШВ  се се по хаотичи и не знаат што да прават и како да се справат со болеста.

Министерот Цветков изјавува дека има информација дека покрај компанија со која е склучен договор и преку која треба да стигнат вакцините од Јужна Африка има и друга која произведува вакцини.

Очигледно Цветков или незнае или крие дека АХВ веќе има склучено договор за набавка на вакцините за кои треба да плати 500 000 евра но државата се уште нема исплатено ни денар.

Зошто државата уште не ги платила вакцините?

Зошто сега да се бара нова понуда кога веќе има склучен договор?

Што да прават сточарите додека да пристигнат 250.000 вакцини а  секојдневно се потврдуваат нови жаришта на болеста?

Уште колку ќе чекаат сточарите за да бидат обештетени за убиениот добиток?

Сточарите, граѓаните, сите очекуваат одговори на овие прашања.

Недозволиво е ова неодговорно однесување коешто мора веднаш да прекине.

Проблемот со огромните долгови на Агенцијата за храна и ветеринарство кон ветеринарните друштва, лабораториите и фармерите е сериозната закана да се сруши целиот систем на здравствена заштита на животните.

Ако тоа се случи ќе се загрози и здравјето на луѓето.

За овој сериозен проблем неколкупати јавно региравме а беше нагласен и во последните три извештаи на ЕУ за Македонија.

Барам повторно Владата на  РМ да донесе одлука ВЕДНАШ за покривање на загубите за непродаденото млеко на фармерите од погрешно пропишаната мерка за забрана за откуп на млеко од сите фармери во регионите погодени од болеста.