(ВИДЕО) Civil Мedia : Рангелова разочарана од новите ликови во ВМРО ДПМНЕ

0
1604

Секако една од најкоментираните и највидливите политички фигури во Северна Македонија е пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед на тоа дали некој ја сака и почитува или ја мрази и напаѓа, Рангелова се појави и опстана на политичката сцена во исклучително турбулентни времиња за земјата. Околу неа се плетат огромен број приказни, а често е жртва на жестоки напади и говор на омраза од најразлични страни, вклучително и од „своите“.

Нејзиното политичко дејствување неретко е контроверзно и, своевремено, на линија на антидемократските и авторитарните политики и практики на поранешниот премиер Никола Груевски. Но, Рангелова ја гледаме и во сосема поинаква светлина, со ставови за суштински важни теми и области, за кои во минатото малку или воопшто не се знаеше.

Даниела Рангелова е родена на 20 јули 1978 во Велес и е дипломиран политиколог. Нејзината политичка кариера е динамична и полна со драматични пресврти. Од почитувана и силно промовирана партиска функционерка, лидерка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ до персона нон-грата во партијата, таа продолжува да ги бранува политичките води и јавноста во земјата. Падна во немилост на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, откако покажа дека во политиката се потребни сопствен став и независно мислење и дејствување.

Како пратеничка, Рангелова е извонредно активна и во моментов е член или во раководството на десет собраниски тела. Нејзина највидлива и за ЦИВИЛ најинтересна функција во Собранието е секако нејзината функција на претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Воедно, таа е член и на Комисија за европски прашања, Комисија за прашања на изборите и именувањата, Комисија за финансирање и буџет, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член и низа други. Ја поддржува идејата за Македонија како една изборна единица, што воедно е една од долгогодишните заложби и на ЦИВИЛ.

Сето тоа и многу повеќе, претставува повод за интервју со Даниела Рангелова, со која разговаравме за заложбите за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата, како и за актуелните теми поврзани со изборните реформи и активностите на ВМРО-ДПМНЕ, за Иницијативата за исполнување на квотата од 50% жени во парламентарниот дом…

Првиот дел од интервјуто со Рангелова, сепак, го започнуваме со предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски за 120 изборни единици, за изборните реформи, нејзините ставови за изборниот модел, како и за новитетите во ребрендирањето на партиите и најавата за промена на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ.

Целото интервју со Даниела Рангелова ОВДЕ