ДОКТОРОТ ЌЕ ГО ПИЦНИ ПРИЛЕПСКОТО ЕЗЕРО, ИМА И ДОВОЛНО ВОДА ВО НЕГО ЗА ВМРОВЦИ ДА ПИЈААТ ОД ИНАЕТ : ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ВЕТЕНИОТ ПРОЕКТ ,,ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО”

0
1415

Започна реализацијата на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“. Со изградбата на овој спортско-рекреативен комплекс го враќаме некогашниот сјај на омиленото излетничко место за граѓаните на Прилеп и воведуваме нови содржини за активен туризам за домашните и странските туристи.

Мултимедијалниот простор претставува комплекс од 3 летниковци и 20 клупи за седење, како и плато за изведување на културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на туристите. Ќе биде изградено кошаркарско игралиште со два коша и со пинг понг маси, како и игралиште за одбојка.

Целиот објект ќе биде изграден од природни материјали – камен и дрво, со цел да се задржи природниот амбиентален изглед. Дополнително ќе бидат поставени и светлечки столбови, корпи за отпадоци, инфо табли, патокази, паркинг за моторни возила и велосипеди.

Вкупната вредност на проектот изнесува 50 милиони денари, или 850.000 евра, од кои 6 милиони денари се сопствено учество на Општина Прилеп.

Потпроектот е финансиран од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија, преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.