(ВИДЕО) Кузевска : 470 милиони евра за спас на работни места и поддршка за домашната економија, преку четвртиот пакет мерки

0
1362

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, на одговорен и рационален начин обезбедува сериозни средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки.

Со овој пакет, 470 милиони евра ќе бидат искористени за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и зајакнување на приватната потрошувачка.

Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места.

27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари.

Во време на сериозна здравствена и економска криза државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија. Следуваат грантови за туристички агенции, ресторани за свадби и игротеки за деца, во вкупна вредност од 5.4 милиони евра.

Само преку овие три мерки над 100 милиони евра завршуваат директно кај стотици илјади граѓани, како помош во справување со негативните последици од коронакризата.

Од почетокот на кризата па се до денес, Владата предводена од СДСМ покажува континуирана и вистинска грижа за граѓаните и за нашата, македонска економија.

Со четвртиот пакет мерки никој не е оставен сам. Како одговорна партија, продолжуваме да работиме уште подобро и да помагаме уште повеќе, за брзо надминување на последиците од економската криза.