ВМРО СЕ ПРЕТЕРА СО ОТРОВНИТЕ ПЕЧУРКИ ИЛИ СООПШТЕНИЕТО ИМ ГО НАПИШАЛ ЏОНИ ЏАНАК : ПОЗИТИВНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈАВА БИЛО ДОКАЗ ДЕКА СДСМ ЛОШО ВЛАДЕЕЛ?!?!

0
921

Предмет: Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Извештајот на ЕК потврди дека ВМРО-ДПМНЕ остана ангажирана во Парламентот и ги поддржа клучните прашања од заеднички национален интерес, како што се реформите поврзани со ЕУ и процесот на интеграција во НАТО.

Извештајот на ЕК потврди дека судскиот систем е под палката на Зоран Заев.

Извештајот на ЕК потврди дека поради СДСМ и Заев корупцијата е распространета во Македонија.

Извештајот на ЕК потврди дека власта не се бори против криминалот, како што се перење пари и финансиски криминал.

Извештајот на ЕК потврди дека стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена.

Извештајот на ЕК потврди дека економијата во Република Македонија е на дно, состојбата е загрижувачка.

Извештајот на ЕК потврди дека власта потфрлува на секое можно поле. Со СДСМ на власт Македонија не оди напред. Со СДСМ на власт државата само тоне.