ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОР ШУТКА, АНДОВ: ПОРАНО ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЈАДЕЛЕ ТРИ ПАТИ БИСТРА СУПА И ИМАЛЕ САМО 1 МЕТРО КВАДРАТНО, СЕГА ЈАДАТ КАКО ВО ХОТЕЛ И ИМААТ 4 КВАДРАТИ ПО ЧОВЕК ВО ЌЕЛИЈА

0
623
  • Ве уверувам дека сите притвореници имат пивка вода за пиење и за бањање, но таа градба е од 1968 година.

    Секој притворенк има четири метри квадратни, има пивка вода за пиење, има прошетка на чист воздух во притворските дворови каде што може да шета бидејќи сум дал таква наредба да не се мешаат собите туку само од истата соба може да прават обиколка еден час, бањата е редослед и по распоред.

    Храната е многу подобрена во затвор Скопје каде што знаеме сега што јадат. Има појадок, има вечера, има ручек со сите оние вредности во килоџули.

    Од пред 2017 до сега од логор ,,Шутка” е направен во затвор. Притворениците до 2017 година три пати јаделе супа, сега на еден притвореник му следува цел леб и се што го презентирав пред камерата како што е напишано.

    Материјалните работи кои што се наследени и правата на притворениците биле толку хаотични каде што немало 4 квадрати за еден притвореник туку имало квадрат, имало служби за прислушување на разговорите и вадење информации од притворениците од страна на МВР.