НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ НЕРАБОТЕН ДЕН ОД ПРВИ ОКТОМВРИ, ЗАЕВ: СО ЗАКОН СЕ ПРЕДВИДУВА ПОВИСОКА ДНЕВНИЦА 50-100% И ДОПОЛНИТЕЛЕН СЛОБОДЕН ДЕН

0
737

“Владата денеска го утврди текстот за измените и дополнувањата на законите за работни односи и за трговски друштва, со кои неделата се прогласува за ден за одмор” – соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. Оваа долго најавувана новина ќе почне да се применува од 1 октомври, откако законските измени ќе бидат потврдени и од Собранието. Оние што сепак ќе мора да работат и во неделите, ќе добиваат поголеми дневници за 50% и повеќе и дополнителен слободен ден.

“Неделата станува неработен ден, ден на неделен одмор. Ја продолжуваме поддршката и грижата на работниците, а во фокусот на нашето внимание беше значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот” – рече Заев.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска појасни дека вработените во секторите каде кои не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес, ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50% од редовната, како и слободен ден кој ќе треба да го искористат во наредните 7 дена.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека во измените се предвидени и одредени исклучоци за дејности на кои ќе им биде дозволено работењето во недела и за празници.