ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ ТАСЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ГЕНЕРАЛНАТА КОМАНДА НА КАРАБИНЕРИТЕ ВО РИМ

0
332

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, м-р Сашо Тасевски, придружуван од Муамет Реџепи, помошникот на министерот во Одделот за меѓународна соработка и Митко Даневски, началник на Одделот за специјални полициски операции денеска и утре (19 и 20 април) е во работна посета на Рим, на покана од Генералната команда на карабинерите на Италијанската Република.

На денешната средба со командниот генерал на карабинерите Тео Луци беше констатирано дека соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Италијанската Република е со постојан континуитет и се одвива во духот на традиционално добрите пријателски односи меѓу двете земји.
Притоа, МВР во рамки на своите надлежности, остварува соработка со италијанската полиција не само во билатерален контекст туку и преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка, а во насока на поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал.