ЗДРАВКО САВЕСКИ : АПАСИЕВ ИМА КЛУЧНА УЛОГА ВО СИТЕ ТРИ РАСЦЕПИ НА ЛЕВИЦА, ТОЈ Е БЕСКРУПУЛОЗЕН, МОРА ДА МУ СЕ ЗАСТАНЕ НА ПАТОТ БИДЕЈЌИ ПОНАТАМУ ЌЕ СТАНЕ СЕ ПОДРЗОК

0
416

Неколку зборови околу најновиот расцеп во партијата што се нарекува Левица. Престанав да коментирам македонска петпарачка политика, бидејќи нашите проблеми на ниво на држава не можат да се решат сѐ додека имаме проблеми на ниво на општество (огромен морален пад на маса луѓе). Но, чувствувам морална обврска да ви посочам на следново:

Најновиот расцеп во т.н. Левица е третиот расцеп за осум години постоење на партијата. Првиот беше во 2016, вториот во 2019, а третиот сега. Самиот тој факт што една партија трипати во осум години се соочува со сериозни судири во самото раководство треба нешто да ви индицира.

Втората работа што ќе ви ја посочам е дека Апасиев има клучна улога во сите три расцепи. Ако еднаш дошло до расцеп, може да кажете дека другата страна е таа што не чини, дека е „џган“, а дека вие сте супер. Може и по втор пат тоа да го тврдите. Но, кога и по трет пат истото се случува, прашањето што нужно мора да се постави е: како е можно само Апасиев да е супер, а сите други да не чинат? Не е ли можно расцепите да се должат токму на него, а не на другите? Особено, пак, кога зборуваме за човек кој само што ќе зине, ја соопштува својата нетолерантност и самобендисаност.

Сериозен показател колку се заглавени работите во едно општество и држава е кога надежите за промена се лоцираат во лик што е толку очигледно неспособен да направи каква било разлика во однос на постојното!

Ќе прокоментирам и околу собирањето потписи за Ванковска, а што се чини е важен дел од најновиот расцеп во т.н. Левица. Не можам да знам дали е точно дека СДСМ собирал потписи за неа. Но, она што со сигурност го знам е дека Апасиев е доволно беспринципиелен да прифати таков дил со СДСМ и дека СДСМ се исто така доволно беспринципиелни да ги искористат сите средства да ја држат власта, вклучително и собирањето потписи заради поделба на опозицијата. При тоа, ќе ви посочам уште дека будалетинката Заев, во една прилика во Собранието, изнервиран од скокањето на Апасиев, јавно го повика да каже за нивните тајни средби пред изборите 2020.

Проверете си околу тоа.

И уште нешто за крај. За пучот што го направи Апасиев во Левица во 2019, сѐ уште се води судски процес. Судството ни е такво какво што сите го знаеме, па процесот се води цели пет години, намерно обесмислувајќи го. Но, сметаме дека е наша должност да му застанеме на патот на такви бескупулозни ликови како Апасиев, зашто таквите ликови, соочувајќи се со неказнивост за своите недела, стануваат сѐ подрски понатаму.
Фејсбук статус на Здравко Савевски.