ЕУ ТРЕБА ДА ГИ ЗАПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА БИДЕ КРЕДИБИЛНА, ОСМАНИ: БУГАРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ РАДЕВ ИМА ЦЕЛОСЕН ПОЛИТИЧКИ ЛЕГИТИМИТЕТ ЗА ДА ГО ПОВЛЕЧЕ БУГАРСКОТО ВЕТО

0
733

“Можноста да се добие почеток на преговори за членство на 24-25 јуни на Самитот на лидери на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст. Единствено претседателот на Бугарија, Радев има целосен политички мандат и можност за да го повлече ветото” – изјави денеска шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

“Тоа не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е констатација на Европската комисија, на 26 земји членки. И министерката за надворешни работи на Шведска рече дека Северна Македонија треба да ги почне преговорите. Ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, имајќи предвид дека тоа е стратешки интерес и на Бугарија, дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24-25 јуни” – посочи Османи.

Неоправдано е Бугарија да не е подготвена да даде зелено светло за преговарачката рамка и за одржување на меѓувладина конференција во јуни. Земјите-членки на ЕУ сметаат дека Северна Македонија ги има исполнето условите и крајно време е ЕУ да ја даде пораката кон регионот.