ДИМИТРИЕВСКИ : ВО ТЕК Е АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА – “НОВИНИ И РЕЧИЦА”

0
374

Во тек е асфалтирање на улици во Индустриската зона – “Новини и Речица”. Општина Куманово продолжува во континуитет да вложува во развој на инфраструктурата во индустриската зона, со цел развој на зоната и привлекување на нови странски инвестиции кои ќе донесат економски бенефит за граѓаните на Куманово и целиот регион.

Индустриската зона е лоцирана на коридорот 8, Автопат Е-75 “Пријателство”, на 5 километри до границата со Србија и поседува различни големини на парцели кои се урбанистички уредени за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици и сместувачки капацитети, а поради својата атрактивна локација е предмет на интерес на голем број домашни и странски компании.

Во моментот е отворен јавен повик за отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост лоцирано во индустриската зона по пат на јавно надавање, објавен на официјалната веб страна на Општина Куманово во делот за односи со јавност – соопштенија, а сите заинтересирани страни што ги исполнуваат условите можат да аплицираат.