НАТО ЌЕ СЕ ЗАЈАКНУВА И СО МАКЕДОНСКИ КАДРИ, ШЕКЕРИНСКА: ПРИ КРАЈ Е ПРОЦЕСОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НАТО СЕРТИФИКАТИ ЗА НАШИ ОФИЦЕРИ И ДО СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ПОПОЛНАТ 6 КОМАНДНИ ПОЗИЦИИ ВО НАТО

0
816

“Факт е дека не започнавме процес на сертификација на сите воени лица, бидејќи тоа е и барањето на НАТО. Само оние кои треба или мора да имаат НАТО сертификати, влегоа во процесот и таа бројка е релативно мала. Кај најголем дел од офицерите оваа постапка е или пред крај или е сосема завршена и очекувам во текот на летото да се донесат одлуките” – изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

“Тоа се сметаше како еден чекор напред да не биде преголем бројот на луѓе коишто ќе имаат НАТО сертификати бидејќи нема да имаат потреба да работат со НАТО соодветни документи. Ние во процес имаме пополнување на 6 командни позиции кои што нема да бидат наши претставници во военото претставништво туку ќе бидат дел од НАТО структурата. За тие 6 позиции, сите мора да имаат НАТО сертификати и колку што ме информираа, процесот за нив е веќе на самиот крај. Очекувам од септември дека ќе имаме целосна екипа која што ќе ги пополни позициите на Северна Македонија во НАТО командите” – рече Шекеринска на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација во касарната Чојлија кај Петровец.