Денес се одржа работна посета на Стојанче Ангелов во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ и РЦУК Гевгелија

0
643
Денеска (22.04.2021) околу 11.30 часот, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со преставници од Француската Амбасада, оствари работна посета на Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ на јужната граница, а и на Регионалниот центар за упраување со кризи РЦУК Гевгелија. Тоа е во корелација со активностите и за непосредно запознавање со реалната состојба и ситуација согласно и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за постоење кризна состојба i на дел од територијата на државата и тоа на подрачјата на јужната и северната граница и Акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на државата.

Ангелов ја посети и граничната позната локација ,,Камен 59″, а потоа оствари средба и со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.

Да потсетиме, дека на почетокот на месецов прво по заседавањето на Групата за процена под раководство на Ангелов, а по седницата на Управувачкиот комитет, па потоа по разгледувањето на заклучоците од тие седници на Главниот штаб при ЦУК од тие две владини тела е донесена Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата и тоа на подрачјата на јужната и северната граница.

Тоа, како што е децидно наведено во Одлуката, е заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на нашата држава и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението и истите беа преточени во заклучоци за идни активности. На седницата се утврдија оперативно стручни заклучоци при што беше донесен Акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија.