СДСМ: Граѓаните и денеска дишат отров наместо воздух

0
1021

news-2015-January-sarajevo_magla_smog__2__773654378-600x320

„Граѓаните на Македонија и денеска дишат отров наместо воздух. Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија. Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 10 пати над дозволеното.

Во Битола и Тетово ПМ10 честичките изнесуваат фрапантни 12 пати над дозволеното, додека во Кичево 5 пати над дозволената граница. Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје а граѓаните се гушат во нечист воздух. Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни. Додека се трошат милиони евра за споменици, реклами и LED телевизори луѓе во Македонија умираат поради висок процент на канцерогени честички во воздухот.

13

Македонија според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички. Овие честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија поради предизвикување на болести на дишните патишта и рак.

24

42 32