МАКСО ДО КУМАНОВСКИТЕ ВМРОВЦИ : МИ ДОЛЖИТЕ ЕДЕН ДЕНАР ЗА ВАШИТЕ КЛЕВЕТИ И ОБВИНУВАЊА И ЈАВНО ДА МИ СЕ ИЗВИНИТЕ, ИЛИ ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НА СУД

0
838
Очекувам ВМРО ДПМНЕ да ми исплати обештетување од 1,00 (еден) денар и јавно на прес конференција да ми се извини за изнесените клевети согласно правосилната судска пресуда (износот е симболичен бидејќи не ми се потребни нивните пари, образот е тоа што е важно).

– Правдата е бавна, можеби доцни, но секогаш стига. Пресудата се однесува за случката во ресторанот кога на семејна прослава пред четири години бев физички нападнат од група лица блиски до Вмро дпмне, настан кој подоцна тужените се обидоа во јавноста да го прикажат во поинакво светло и да ја искриват вистината, тогаш монтираа кривична пријава од политички мотиви со цел да ми го нарушат угледот во јавноста која што беше отфрлена од ОЈО Куманово.

Реприза имаше и минатата година со кривичната пријава за наводно кршење на законот во време на самоизолација но овој пат по сценарио на други “авторитети” но под режисерската палка повтирно на поединци од МВР (се однесува на лукративните послушници кои секогаш се исти без разлика кој е на власт, респект за професионалците кои ги има многу а од ваквите стагнираат и не напредуваат), за жал таквите обиди не згаснуваат ни до ден денеска.

Се води нова постапка и за овој случај во ОЈОГОКК и верувам дека за истата еден ден ќе има процесуирано кривична пријава за одговорност на поединци во системот кои работат со умисла и цел политички да девалвираат но и со умисла да наштетат на неистомисленици на нивните надредени “авторитети”.
– На прес конференција на ВМРО ДПМНЕ вчера слушнав многу лажни обвинувања против мене и локалната самоуправа во однос на наводно нереализирани проекти.
Каква е реализацијата и во какви услови кој и колку реализирал најдобро се запознаени граѓаните на Куманово.
Ве убедувам и едните а и другите, нема да ме обесхрабритениту мене ниту мојот тим а најмалку кумановчани, ваквите манипулативни обиди се само причина повеќе да продолжиме да работиме многу повеќе за наше Куманово и наша Македонија!
Денеска на прес конференција во 12,30ч. ќе ги изнесам фактите и аргументите со кои ќе ги демантирам сите лажни обвинувања.