ТРЕНЧЕВСКА : ГОРДА СУМ ШТО БРОИМЕ САМО ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ

0
260

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се вклучи на теренски активности на територијата на Општина Тетово.

Тренчевска го посети Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост, канцелариите на „Имаго Плус“ кои ја испорачуваат услугата индивидуален третман за лица со попреченост и двајца корисници на услугата помош и нега во домот која се спроведува преку Проектот за подобрување на социјалните услуги.

„Со развојот на социјалните услуги во домот и во заедницата овозможена е директна поддршка на повеќе од 1500 корисници на социјални услуги, а од нив повеќе од 50% се жени. Би сакала да истакнам дека и во 2023та година  продолжи проширувањето на опсегот на социјалните услуги низ земјата со што се обезбеди работен ангажман на приближно 500 негуватели и 50 стручни лица“ рече Тренчевска.

Таа ги истакна и измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита од минатата година со што висината на посебниот додаток се зголеми за 15% и се намали старосната граница за траен надоместок за родителите кои се грижат за дете со попреченост, 62 години за мажи и 60 години за жени.

„Измените на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2023 година ја покажуваат нашата посветеност на квалитетна нега. Утврдувањето на цените за индивидуален третман и дневно лекување на децата во лиценцираните Дневни центри го одразува нашето признание за важноста на професионалната грижа за нашите деца. Определивме цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете од стручен работник во лиценцираните Дневни центри, односно 997 денари за индивидуален третман и 1.185 денари дневно по корисник, платени преку Центрите за социјална работа“ рече Тренчевска.

Таа при непосреден разговор со давателот на услугата индивидуален третман посочи дека кај граѓаните треба да се подига свеста дека услугите кои ги носи министерството се токму за да се олесни нивното соопштение и истакна дека тие треба да се препознаваат и користат максимално од страна на граѓаните.