(ВИДЕО) Што ќе се случи ако тужбата биде прифатена, а парите од задолжувањето се веќе потрошени?

0
1057

СДСМ го реализира најавеното. До Управниот суд поднесе тужба против стариот состав на ДИК поради како што велат незаконска и целосно правно нејасна одлука која се однесува на аукциите на домашниот пазар на хартии од вредност, пренесува Телма.

Со тужбата бараме поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „Емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите“, па поради тоа не подлежи на согласност, односно одобрување од страна на дополнителниот заменик министер, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ова го нарече очајнички потег на давеникот СДСМ кој во обид да ги одложи изборите создава алиби за поразот што следи.

Целта на СДСМ е да создаде хаос.Очигледно дека сака да го попречи нормалното функционирање на буџетот,сдсм сака да не се исплакјаат пензиите, платите на војската, лекарите, да не се реализираат капиталните проекти, патишта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ветото па тужбата се логична последица кога политиката почнува да се меша во се и да се создава ваков правен вакуум велат експертите. Одлуката на ДИК е конечна и стариот состав бил надлежен да одлучува велат експертите, но прашање според нив е што ќе се случи ако тужбата биде прифатена, а парите од задолжувањето се веќе потрошении.

На денешната последна аукција за оваа година Министерството за финансии кај домашните кредитори се задолжи за 18,8 милиони евра шрекуаукција на 6 месечни записи и 10 годишни обврзници со каматна стапка од 2,10 и 3,5 %.

Видеото ОВДЕ