Демант на изјавите на претставниците на Топлификација АД на вчерашната прес-конференција

0
960

Во последниов период ТЕ-ТО АД е повторно предмет на неосновани напади, лаги и манипулации од страна на претставниците на Топлификација кои имаат единствена цел притисок врз институциите и замајување на јавноста. Во целост ги демантираме изјавите и наводите на претставниците на Топлификација искажани на прес конференцијата одржана на 06.02.2020 година како невистинити и тенденциозни.

  1. Целосна лага и лицемерие се обвинувањата на Г-дин Хаџи Мишев дека ТЕ-ТО при реализација на така наречената толинг соработка, во која снабдувачот со природен гас му дава попуст на ТЕ-ТО со услов тој да биде екслкузивен купувач на електричната енергија, нанело штета на компанијата и на тој начин компанијата перела пари. Заради ваквата соработка, ТЕ-ТО АД остваруваше дополнителен бенефит, а не загуба. Имено Топлификација е таа која не само што ја поддржа туку и инсистираше на ваков модел на соработка. Еве што на собранието на акционери одржано на 28.06.2016 година, кажа претставникот на Топлификација за овој модел на соработка – цитираме: „Топлификација уште од 2010 предлагаше да се прави размена на гас за струја“, што е потврдено со нотарски записник.
  2. Лицемерното однесување на претставниците на Топлификација кога еднаш едно зборуваат, а подоцна сосема друго за истата работа се забележува и во другите нивни невистинити наводи. Таков е случајот со небулозното обвинување дека инвестицијата на странскиот акционер во ТЕ-ТО која е неколкукратно повисока од таа на Топлификација е резултат на перење пари. Кога странскиот инвеститор ги инвестираше финансиските средства, Топлификација ги одобруваше заемите преку Надзорен одбор, а Г-дин Хаџи Мишев се фалеше по медиумите дека донел странски инвеститор да инвестира финансиски средтсва во ТЕ-ТО.

Дополнително, при тоа одобрување на заемите од акционерите, Топлификација тогаш не ги третираше истите за зделки со заинтересирана страна за која треба да се гласа на собрание на акционери, за после 10 години да вели дека само одложувањето на рокот на доспеаност на истите овие зделки претставува нова зделка со заинтересирана страна за која треба да гласа собрание на акционери.

  1. Всушност пријавата за наводно перење пари која фактички е иницирана по барање од Топлификација е целосно анализирана, испитана и отфрлена од Обвинителството како неоснована, за што многу добро е информиран Г-дин Хаџи Мишев, но и понатаму продолжува со лаги и шпекулации во однос на истата.

Тврдењата дека компанијата ТЕ-ТО перела пари се невистинити и небулозни имајќи го во предвид и фактот дека се работи за сериозна компанија во која има инвестирано и Германската банка Ландес банка Берлин, членка на Шпаркасе групацијата која е најголем надворешен кредитор на компанијата и сите зделки во ТЕ-ТО се под надзор на банката.

  1. Неосновани и лажни се обвинувањата дека ТЕ-ТО во планот за реорганизација потврдува дека работел непазарно преку толинг соработката. Токму напротив, со толинг ТЕ-ТО добивал подобри услови од пазарните, но не доволно добри за рентабилно работење. Зборот условеност е кажан во насока дека ТЕ-ТО заради непостоењето на алтернтивни понудувачи на природен гас мора да се прилагодува на барањето на единствениот добавувач на гас во Севрена Македонија. Планот за реорганизација предвидува мерки за излегување од оваа условеност преку отварање на пазарот на природен гас и обезбедување конкуренција. ТЕ-ТО постојано се обраќа кон институциите да го либерализираат интерконекторот со Република

Бугарија согласно третиот енергетски пакет за да се овозможи пристап до ЛНГ гасот на светските пазари.

  1. Импликацијата дека компанијата ЕДС во соработката со ТЕ-ТО добивала некаква ексклузивност е потполно неоснована и лажна.
  2. Топлификација го обвинува ТЕ-ТО за лажен стечај, а само пред една година истата таа Топлификација поднесе барање за стечај на ТЕ-ТО со свој алтернативен план за реорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле услови за реорганизација.

Дополнително, Топлификација ги имала на увид годишните извештаи на ТЕ-ТО каде се забележува ниската рентабилност пред се заради високата цена на природен гас на пазарот во Република Северна Македонија, многу повисока од она што Топлификација и другите акционери го предвиделе и одобриле во физибилити студијата за проектот кога се носела инвестициската одлука. Така што, нема никаков лажен стечај туку тоа е објективна состојба на ниска рентабилност на компанијата.

  1. Наводот дека ТЕ-ТО има добивка од 120 млн. евра во 2018 година е целосно манипулирање со јавноста, бидејќи се одмолчува фактот дека тоа е само пресметковна добивка заради отпис на обврските на ТЕ-ТО потврдени во судска постапка од кои скоро сите се по основ на инвестиции на акционерите во ТЕ-ТО АД. Заради тој отпис, согласно македонскиот закон за данок на добивка иако е само пресметковна добивката, на истата се пресметува данок на добивка од 10%. Ваквата состојба е економски нелогична, бидејќи на компанија која е во стечај заради тоа што не може да ги отплаќа обврските и ги отпишува, и се наметнува нова државна давачка заради неусогласеноста на Законот за стечај со Законот за данок на добивка. Тоа е спротивно на препораките на Европските институции од областа на правото кои велат дека отпис на обврски во стечајна постапка не треба да подлежат на плаќање данок на добивка. Во најголем број европски држави вклучувајќи ги државите во соседството, на отпис на обврски во стечајна постапка не се пресметува никаков данок.

Со таканаречената државна помош оваа административна давачка државата само ја одложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО како што би било ред согласно европските препораки. Всушност со планот за реорганизација државата непланирано доби побарување од ТЕ-ТО од дополнителни 16 милиони евра не заради деловната активност на ТЕ-ТО туку заради тоа што е направен отпис на влогот во компанијата на неговите акционери. На тој начин државата направи добра зделка за себе затоа што го задржа деловниот потфат на ТЕ-ТО и обезбеди континуирани годишни приливи од ТЕ-ТО во државата од 6-8 млн евра, како и дополнителни 16 милиони евра подарок од ТЕ-ТО кон државата, а кој ТЕ-ТО ќе го плати после 9 години. Во случај да не се обезбедеше ова одложување, ТЕ-ТО ќе го изгубеше деловниот потфат, а државата ќе го изгубеше законскиот основ за наплата на данокот на добивка. Се надеваме дека државата во пристапниот процес за ЕУ ќе го корегира овој неправеден закон за компаниите кои имаат потешкотии и во иднина нема да им се наплаќа данок на добивка на компаниите кои направиле отпис во стечајна постапка, за да може да функционира законот за стечај.

Крајно несериозно е малцинскиот акционер на ТЕ-ТО од неразбирливи причини да се бори против доделеното одлагање на исполнување на обврските на својата компанија ТЕ-ТО, што е спротивно на интересите на акционерите на Топлификација. Наместо Топлификација да помогне во намалувањето на цената на пренос на гас во Северна Македонија, во

имплементација на интерконктивен договор за природен гас помеѓу Бугарија и Северна Македонија, подобрување на условите на работа на ТЕ-ТО преку одлуките на Регулаторната комисија, се со цел ТЕ-ТО да ја зголеми рентабилноста и да може да ги врати парите на банките, а потоа и на акционерите, нивна цел е преку лаги и манипулации да се уништи ТЕ-ТО. Единствено рационално објаснување на ваквото поведение на менаџментот на Топлификација е да ја сокрие својата бизнис одговорност за инвестициската одлука да се гради толку скапа ивестиција во ситуација кога немало долгорочен договор за природен гас и електрична енергија, монополизиран пазар на природен гас, огромни трошоци кои ги наметнуваат операторите на системите за природен гас и електрична енергија, што го определија статусот на ТЕ-ТО како нерентабилна инвестиција.

Во 2017 година менаџментот на Топлификација имаше можност да ја зачува компанијата, но таа грубо ги наруши писмените спогодби помеѓу акционерите и доверителите на ТЕ-ТО, поставувајќи ги своите интереси над интересите на останатите акционери и банките—кредитори, не можејќи соодветно да ја оцени реалната состојба на работите и економската ситуација на двете компании. ТЕ-ТО постапувајќи исклучиво во рамките на законот, зачувувајќи го балансот на интересите на акционерите и доверителите, тргна по единствено можниот пат за зачувување на дејноста на компанијата-план за реорганизација, на основа на кој апсолутно сите акционери имаат еднакво-пропорционални отписи на побарувања. На тој начин, постапките на бившиот менаџмент на Топлификација, доведоа до суштински вкупни загуби.

Целата ситуација во врска со постапките против ТЕ-ТО од страна на правосудните органи е вештачки создадена од бившиот менаџмент на Топлификација, во обидот да ги исправи своите претходни грешки. Единствениот ефект од постапките на поранешниот мемаџмент на Топлификација е значително влошување на инвестиционата клима и невозможноста за спроведување на нови инвестициони проекти.

И покрај небулозните тврдења од страна на менаџментот на Топлификација, ТЕ-ТО трпи реални штети во секојдневното работење и заради тоа ќе започне соодветни правни постапки за заштита на имиџот на компанијата и деловните интереси.

КЛУЧНИ ПОЕНТИ

  1. Целосна лага и лицемерие се обвинувањата на Г-дин Хаџи Мишев дека ТЕ-ТО при реализација на така наречената толинг соработка, во која снабдувачот со природен гас му дава попуст на ТЕ-ТО со услов тој да биде екслкузивен купувач на електричната енергија, нанело штета на компанијата и на тој начин компанијата перела пари. Заради ваквата соработка, ТЕ-ТО АД остваруваше дополнителен бенефит, а не загуба. Имено Топлификација е таа која не само што ја поддржа туку и инсистираше на ваков модел на соработка
  2. Небулозно е обвинувањето дека инвестицијата на странскиот акционер во ТЕ-ТО која е неколкукратно повисока од таа на Топлификација е резултат на перење пари. Кога странскиот инвеститор ги инвестираше финансиските средства, Топлификација ги одобруваше заемите преку Надзорен одбор, а Г-дин Хаџи Мишев се фалеше по медиумите дека донел странски инвеститор да инвестира финансиски средтсва во ТЕ-ТО.
  3. Пријавата за наводно перење пари, која е фактички иницирана по барање на Топлификација е целосно анализирана, испитана и отфрлена од Обвинителството како

неоснована, за што многу добро е информиран Г-дин Хаџи Мишев, но и понатаму продолжува со лаги и шпекулации во однос на истата.

Тврдењата дека компанијата ТЕ-ТО перела пари се невистинити и небулозни имајќи го во предвид и фактот дека се работи за сериозна компанија во која има инвестирано и Германската банка Ландес банка Берлин, членка на Шпаркасе групацијата која е најголем надворешен кредитор на компанијата и сите зделки во ТЕ-ТО се под надзор на банката.

  1. Неосновани и лажни се обвинувањата дека ТЕ-ТО во планот за реорганизација потврдува дека работел непазарно преку толинг соработката. Токму напротив, со толинг ТЕ-ТО добивал подобри услови од пазарните, но не доволно добри за рентабилно работење.
  2. Импликацијата дека компанијата ЕДС во соработката со ТЕ-ТО добивала некаква ексклузивност е потполно неоснована и лажна.
  3. Топлификација го обвинува ТЕ-ТО за лажен стечај, а само пред една година истата таа Топлификација поднесе барање за стечај на ТЕ-ТО со свој алтернативен план за реорганизација, потврдувајќи дека причините за стечај се објективни и дека постоеле услови за реорганизација
  4. Наводот дека ТЕ-ТО има добивка од 120 млн. евра во 2018 година е целосно манипулирање со јавноста, бидејќи се одмолчува фактот дека тоа е само пресметковна добивка заради отпис на обврските на ТЕ-ТО потврдени во судска постапка од кои скоро сите се по основ на инвестиции на акционерите во ТЕ-ТО АД

Со таканаречената државна помош оваа административна давачка државата само ја одложи, но не му ја прости на ТЕ-ТО како што би било ред согласно европските препораки. Всушност со планот за реорганизација државата непланирано доби побарување од ТЕ-ТО од дополнителни 16 милиони евра не заради деловната активност на ТЕ-ТО туку заради тоа што е направен отпис на влогот во компанијата на неговите акционери. На тој начин државата направи добра зделка за себе затоа што го задржа деловниот потфат на ТЕ-ТО и обезбеди континуирани годишни приливи од ТЕ-ТО во државата од 6-8 млн евра, како и дополнителни 16 милиони евра подарок од ТЕ-ТО кон државата, а кој ТЕ-ТО ќе го плати после 9 години.

Единствено рационално објаснување на ваквото поведение на менаџментот на Топлификација е да ја сокрие својата бизнис одговорност за инвестициската одлука да се гради толку скапа ивестиција во ситуација кога немало долгорочен договор за природен гас и електрична енергија, монополизиран пазаар на природен гас, огромни трошоци кои ги наметнуваат операторите на системите за природен гас и електрична енергија, што го определија статусот на ТЕ-ТО како нерентабилна инвестиција.