ВМРО-ДПМНЕ со години ги труеше граѓаните со медицинскиот отпад, а денес Мицкоски си го брани криминалот на својот шеф Груевски

0
770
Христијан Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф, бегалецот и осуден криминалец Никола Груевски по секоја цена.
Скандалот со медицинскиот отпад покажа дека режимската ВМРО-ДПМНЕ не само што го загрозувала здравјето на граѓаните и животната средина, туку преку нејзини кадри ја опструира истрагата за случајот Еко-клуб преку своето влијание во судството.
Oбвинителката во предметот, која два месеца не се изјаснува за истражната постапка, е исто така кадар на ВМРО ДПМНЕ што се потврдува во еден од прислушуваните материјали и разговорот меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска.
Тоа се Сваровски кадрите запоседнати во правосудниот систем, кои наместо да спроведуваат ефикасни и брзи истраги, со месеци свесно ја кочат истрагата.
Фирмата „Еко-Клуб“, која го години депонирала нетретиран медицински отпад во Дрисла е сопственост на Сашо Јанакиески, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Никола Груевски.
Нетретиран медицински отпад не смеел да се носи во Дрсила, а тоа повторно го овозможувало ВМРО-ДПМНЕ преку Горан Ангелов, кој беше директор на депонијата, се додека Градот Скопје не успеа да го преземе управувањето со Дрсила.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразено на изборите на 12 април. Режим никогаш повеќе!