АНГЕЛОВ : ЗА СЕГА НЕ ПОСТОИ МОЖНОСТ БУГАРИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО УСТАВОТ

0
357

Невозможно е да дојде до промена на Уставот. Мицкоски има апсолутна контрола врз пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и невозможно е да се повтори операцијата при промена на името, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во вечерашната дебатна емисија на „Тв24“.

-Не постои начин да биде променет Уставот и Бугарите да влезат. Да ги почекаме изборите во редовен термин, наредната пролет, и потоа да се види во кој правец ќе се движи државата. Излегувањето на Алтернатива од владината коалиција предизвика бес во раководството на Алтернатива, можноста за широка коалиција отпаѓа, Алтератива не би влегла во коалиција со СДСМ. А по нивните изјави за сојуз на албански општини просторот за коалиција е стеснет – рече Ангелов.
Тој додаде дека Македонија е неостварениот сон на Бугарија, поради што влезот на земјава во ЕУ се одложува.