КОВАЧЕВСКИ : КОМПАНИИТЕ КОИ НЕ САКААТ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ЛЕБ, СЕ ТИЕ КОИ ГИ ДОБИЈА НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЕФТИНА СТРУЈА

0
382

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Министерството за економија се прават анализи во однос на цени на други основни прехранбени производи и истакна дека во блиска иднина е можно замрзнување на цените и на други производи кои што се сметаат за основни.Премиерот уште еднаш повтори дека нема да дозволи одредени производители да прават екстра профит врз грбот на граѓаните.

-Компаниите кои што во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип на леб, се всушност компаниите кои ги добија најголемиот дел од субвенциите за евтина струја од 80 евра за мегават час. Ваква цена никаде не можевте да најдете на пазарот во време на криза. Тие треба да покажат одговорност и да го испорачуваат тоа што е потребно. Во нашата држава имаме Закон за трговија, за заштита на потрошувачи и Закон за заштита на конкуренција. Сите законски одредби ќе бидат искористени.

Морам да искажам разочарување од страна на дел од производителите. Бевте сведоци по медиумите имаше сметки дека некои продавале леб од 50 денари во доцни ноќни вечерни часови. Тоа е срамота. Од друга страна има одговорни компании и ги спроведуваат мерките согласно одлуките на Владата. На нив сакам да им се заблагодарам, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.