ДЕДО СТЕФАН И СПАСОВСКИ СЕ КРШЕА СО ЈАЈЦА, ОТКАКО ПОГЛАВАРОТ ВО ВЕЛИГДЕНСКАТА ЧЕСТИТКА ЈА ОБВИНИ ВЛАДАТА ДЕКА САКА ДА ГО СОТРЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СО ЛАЖЕН ПОПИС

0
873

Во својата велигденска честитка, поглаварот на МПЦ ги нападна тие сили што сакале да го истребат македонскиот народ од земјата со сомнителни статистички операции?!?! Цититат од неговата честитка:

Кон нашиот православен народ, пак, еве, и во мир се води војна и продолжуваат непријателствата и негирањата! Затоа, да го молиме воскреснатиот Господ, да ни ги дарува потребните мудрост и единство, и нам, во татковината, и насекаде до каде што нè има по светов, за да можеме да се одбраниме од сите што ја порекнуваат македонската посебност и сето она што нам ни припаѓа, или се обидуваат со сомнителни статистики да го намалат, па дури и сосема да го избришат многувековното присуство на Македонците по македонската земја, и во минатото и во сегашноста“, стои во велигденската порака.

Што зборува поглаварот?!?! Македонците сами се изразуваа на пописот што се по вера, не смееше да им се влијае да прецизираат, па некои пишуваа дека се христијани а некои православни, што се однесува до етничката застапеност, за жал многумина бојкотираа и не сакаа да се попишат, тоа е одговорност на народот зошто е ова некаков заговор на некакви темни сили?!?! На крајот на краиштата, токму шефот на ДЗС се пожали дека МПЦ не сакала да агитира во светот за нашите иселеници да се попишат, се плашеле поповите од Корона?!?!