ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ, АРСОВСКА ПОСЕТИ ДЕЛ ОД ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА НА СОС ДЕТСКОТО СЕЛО

0
359

– Денеска посетивме дел од згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје кои со безрезервна поддршка и љубов, се топол дом и семејство за децата во социјален ризик, децата без родители како и младите без родителска грижа.Имавме можност да поразговараме за секојдневието на згрижувачките семејства и ги изненадивме дечињата со подароци, од чија насмевка и радост се гледа дека се дел од згрижувачко семејство кое се грижи за нив.

Овие семејства, со својата хумана мисија обезбедуваат топол дом за дечињата од СОС Детското село и се нивна голема поддршка. Градот Скопје продолжува да биде партнер и поддржувач на мисијата и активностите на СОС Детското село и на згрижувачките семејства. – напиша Арсовска на Фејсбук.