АРСОВСКА ЗА НЕРЕАЛИЗИРАНИТЕ ПРОЕКТИ ГИ ПРОЗВА СОВЕТНИЦИТЕ : ЗА УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ИМАЛО НЕКАКОВ „ДИЛ“ МЕЃУ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ

0
370

Апелирам до советниците на град Скопје да гласаат за проектите, за Скопје да биде убаво место за живеење, рече Арсовска во врска со работата на Советот на град Скопје и меѓупартиските игри на локално ниво. Главна кочница за реалиција на сите големи проекти е политиканството на советниците во Советот на Град Скопје, посочи скопската градоначалничка, Данела Арсовска во гостувањето на Канал5.

– Апелирам до советниците на град Скопје да гласаат за проектите, за Скопје да биде убаво место за живеење, рече Арсовска во врска со работата на Советот на град Скопје и меѓупартиските игри на локално ниво.На горливото прашање за бесплатниот градски превоз што беше ветен во предизборната кампања, Арсовска рече дека не може да се реализира додека не се набават новите автобуси, а автобусите не може да се набават затоа што има политиканство во изброт на проектот за еко автобуси.

– Ние сме ветиле дека ќе работиме чесно и одговорно, но не може да се реализираат бројни проекти поради опструкцијата од Советот – рече Арсовска
Градоначалничката на Скопје го посочи како пример предлогот кој неколкупати досега се јавуваше на дневен ред на седница на Советот, за набавка на автобуси за ЈСП, а сега веќе претседателот на Советот оваа точка не ја ни става на дневен ред. Во однос на тоа дека пари има обезбедено за БРТ системот, Арсовска вели дека сепак на ЈСП му требаат еколошки автобуси, со одредени стандарди.

– За ова да се оствари и граѓаните повторно да сакаат да се возат со автобуси од градскиот превоз, потребни се 250 такви автобуси, па дури и тие не се доволни. Автобусите треба да бидат со еколошки стандарди, ќе се намалат трошоците за нивно одржување, помала ќе биде потрошувачката, ќе имаат клима уреди за граѓаните и оние кои не користат, да почнат да користат јавен сообраќај – рече Арсовска.Сите проекти што се започнати, иако се само 5-6 проекти, имаат огромни проблеми, се пожали скопската градоначалничка.Арсовска истакна и дека за Универзална сала има „некаков дил“ меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека недостасуваат два столба во проектната документација.