10.5 C
Prilep
Thursday, May 2, 2024
Home Македонија ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ Е ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПА ИЗБОРИ, ВМРО-ДПМНЕ Е САМО ЗА...

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ Е ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПА ИЗБОРИ, ВМРО-ДПМНЕ Е САМО ЗА ИЗБОРИ

0
358

Опозицијата треба да изгради став и да одлучи дали е за интеграција во ЕУ, реално и суштински или за изолација. Не треба да се замајуваат граѓаните со флоскули или со невистини, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА. На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш повторија дека консензус за уставни измени под бугарски диктат не е можен, единствено можен е консензус за избори.

Премиерот е за уставни измени па избори, ВМРО-ДПМНЕ е само за избори

Фото: МИА
„Уставните измени не се ничиј диктат, ниту пак нечиј поединечен предлог, туку се дел од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со Европската Унија. Ни повеќе ни помалку“, рече Ковачевски. Премиерот додаде дека за Владата државни теми се членството во ЕУ и економскиот напредок, а темата за предвремени избори е одамна затворена.

„Сепак, водејќи се од државниот интерес, на лидерската средба ја понудив оваа опција како можност за опозицијата да ги поддржи уставните измени. Ако опозицијата изгласа уставни измени ние сме подготвени уште утредента да одиме на избори, и тоа е јасно. Пратениците сега имаат многу поважна работа од терање изборни кампањи и калкулации за министерско, пратеничко или директорско столче“, рече Ковачевски.

Во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ најпрво се вели дека премиерот треба да ѝ објасни на јавноста како е реализирано интервјуто за МИА кој официјално од 3 август е на одмор во странство, на непозната локација?

„Дали е однапред направено или истото е направено од плажа, или е напишано на друг начин. Тоа што е суштинско и што недостасува во ламентирањето на Ковачевски во интервјуто е зошто беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за општествен и политички консензус пред да прифати преговарачка рамка со ЕУ со која Бугарија ќе има можност и ќе ја искористи таа можноста да ја блокира Македонија секогаш кога нема да бидат исполнети иредентистичките, антимакедонски диктати од Софија?

Над 80 проценти од граѓаните, јавноста и експертите се против промена на Устав под бугарски диктат.

Ковачевски само за ден повеќе на власт и одржување на коалиција со ДУИ ја доведе Македонија во подредена положба и ја загрози нејзината европска интеграција, уште повеќе нејзината вековна јазична, културна и историска посебност.

Но тоа се прашања за коишто ќе мора да одговори кога ќе се врати од луксузното одморалиште далеку од очите на јавноста, кога ќе се соочи со неизбежноста од одржување предвремени парламентарни избори“, одговори ВМРО-ДПМНЕ.