ГРУЈО СЕГА ГО АКТИВИРА И НАЈГОЛЕМИОТ ЧОВЕЧКИ ШЛАЈМ И ГЛОДАР ДА СЕ РАСТРЧА ЗА НЕГО : Се собираат потписи за итна пререгистрација на СДПМ за да има спремна „алтернативна опозиција“ за избори на 5 јуни

0
1028

Денеска активисти на владејачката ВМРО-ДПМНЕ собираат потписи и доставуваат лични карти за пререгистрација на Социјалдемократската партија (СДПМ) на Бранко Јаневски, велат извори за Либертас.

Според сознанија на „Либертас“, власта заборавила да ја пререгистрира „џокер-партијата“, па го прави тоа сега итно за да биде спремна доколку е потребно да истрча како дел од алтернативната опозиција за планираните избори на 5 јуни.

Се работи за партијата која на секои избори излегува со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на избори листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев и Игор Ивановски.

Планот, според изворите на Либертас од власта е, доколку СДСМ не се согласи да оди на избори на 5 јуни, како алтернативна опозиција да бидат промовирани ГРОМ на Стевчо Јакимовски, во коалиција со СДПМ и ПОДЕМ.

Доколку изборите се одржат на 5 јуни, Собранието треба да се распушти на 7 април (четврток). Сепак, денеска, на 3 дена пред овој датум се уште не е познато дали се исполнети критериумите за кредибилни избори. Уште не се познати резултатите од теренската проверка за прочистување на Избирачкиот список, а воопшто нема договор за регулација на медиумите.

Извор: Либертас